Десетто издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Во петок на 14 септември со свечено отворање ќе започне десеттиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. Првата фестивалска вечер е посветена на овогодинешниот лауреат, истакнатиот  македонски актер Благојa Чоревски.

Годинава на Фестивалот ќе бидат изведени осум претстави со театри од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, а  на последната вечер ќе се претстави драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка. Во  придружната фестиваласка програма ќе бидат промовирани неколку книги од областа на театарот и ќе биде отворена и  ретроспективна изложба на театарска фотографија и плакат.

Претставите се со почеток во 20 часот во НУ Центар за култура.

Големина на фонт
Контраст