Со највисоки почести, Општина Крива Паланка, во присуство на повеќе од 20 делегации и амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, НЕ Емилио Лоренцо Сера, го одбележа Денот на независноста.
По повод 8- ми септември, Денот на прогласување на суверена, самостојна и независна Република Македонија, делегациите положија свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци пред Општината.