Отворено десеттото издание на  театарскиот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Јубилејни награди по повод десетгодишнината на фестивалот им беа врачени на доајенот на македонското актерство, Милица Стојанова, Страшо Милошевски, актер и девет години уметнички директор на фестивалот, Гоце Ристовски, драмски критичар, новинар, публицист, драматург, Антонито Давитковски, координатор на проектот, Стојанче Величковски, автор на фестивалските плакати, фотограф и уметник и на водителот и афирматор на фестивалот, Жаклина Цветковска.

Актерската дива по потекло од Крива Паланка, Милица Стојанова, присутните ги почести со краток монолог во знак на благодарност за прзнанијата на сите добитници.

 -Убавината на театарот не е само тоа што, како велат, живот значи, туку и во неповторливоста на мигот на изведбата, миг на уметноста кој ја надживува вечноста.  А актерот е тоа величество на театарот кој со неговата скромност, почитуван колку што е во ова наше општество, зашто според мене, театарот не е на тоа рамниште кое го заслужува, не му значат ниту финансиите, ниту наградите и останати признанија, туку живее само за аплаузот и тоа е таа убавина и таа човечност која живее во сите вас, овде присутни и во сите актери – рече Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка, прогласувајќи го за отворено десеттото јубилејно издание на фестивалот. 

Тој се заблагодари на сите заслужни за досегашниот добар тек и раст на фестивалот во деценијата зад нас и посака фестивалот да слави стотици јубилеи. 

Фестивалот ќе трае седум дена, а ќе настапат девет театраски куќи и актерски ансамбли од Бугарија, Хрватска, Србија и Македонија.

Големина на фонт
Контраст