Ревија на автентични носии од кривопаланечкиот крај

На ден 22.03.2018 год. членовите на културно-уметничкото друштво ,,Карпош“ од Крива Паланка оддржаа ревија на автентични носии од кривопаланечкиот крај.

Настанот се оддржа пред платото на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, а на ревијата учествуваа околу осумдесетина млади играорци и играорки. Ревијата на автентични народни носии е активност од проектот ,,Потенцијалите на автетнтичните народни носии и уникатниот фолклор“, кој КУД Карпош го имплементира со финансиска поддржка на Oпштина Крива Паланка, со средства предвидени со Програмата за финансирање на здруженија и граѓански организации за 2018 г.

Целта и мисијата на КУД Карпош преку реализација на овој проект,  е да ги заштити, актуализира и оживее и тие малку автентични парчиња носија од нашиот крај, кои сеуште може да се најда по ковчезите на нашите баби и прабаби, а воедно претставуваат  непроценливо духовно богатсво и културно-историско наследство. Ревијата на народните носии од нашиот крај го покажува токму тоа, автентичниот изглед и богатиот фолклор, кои го одликуваат нашиот крај, изјави Миле Никиловски, претседател на КУД ,,Карпош“.

На настанот  продефилираа во колоритни и впечатливи носии младите членови и ветераните на  културно-уметничкото друштво, а многубројната публика, уживаше, како во ревијата, така и во интересните и несекојдневни изведби на песни и игри од источна Македонија.

 

Големина на фонт
Контраст