Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка оддржа работилница за грижа за здравјето на старите лица-ТРЕТО ДОБА

Црвен крст на Република Македонија-Општинската организација Крива Паланка во салата на Црвен крст Крива Паланка во присуство на 29 членки на Клубот на пензионери- Достоинствен живот, организираше работилница на две тематски содржини и тоа: ,,Правата на старите лица од Законот за здравствена заштита“ и ,,Трето доба – Најчести заболувања“, како дел од активностите од проектот „Тука сме и можеме“ кој финансиски е подржан од Општина Крива Паланка.

Превентивното делување и соодветаната грижа за здравјето на старите лица  со информативни работилници за законска регулатива од областа  на здравствената грижа и осигурување, допринесува да се подобри квалитетот на живот на лицата од третото доба.

Црвен крст на Република Македонија-Општинската организација Крива Паланка, посебен акцент става на овој сегмент, како еден од најважните предуслови за одржување на виталноста и квалитетот на живот кај старите лица, за да можат да бидат активни и делотворни членови на заедницата.

 

Големина на фонт
Контраст