По повод Европската недела на спорт, Општина Крива Паланка во соработка со Агенцијата за млади и спорт се вклучи во настанот, насловен со предизвикот #MyWeek #BeActive.
Овој ден 27.09.2018 година, општината го одбележа со активности во фудбал (машки) и кошарка (женски) помеѓу ученици од ООУ „Илинден“ и ООУ „Јоаким Крчовски“.
Настанот го отвори градоначалникот на општина Крива Паланка г.Борјанчо Мицевски кој ги поздрави учесниците им посака успех во натпреварите притоа истакнувајки дека можностите за спортување во Крива Паланка се големи само е потребно да се пројави желба кај секој поединец. Крива Паланка покрај постоечките активности во фудбал, кошарка, пинг-понг, карате веќе ги отвори вратите за тренирање во ракомет, шах, тенис.
Учесниците ги поздрави и претставникот од Агенција за спорт и млади, националниот координатор на проектот Александра Дичевска, која ги покани учесниците на главните настани Be active night, СЦБТ ( 29.09, 17-22 часот) и Масовно искачување на Водно (30.09 – ОУ Кочо Рацин 09.00) со завршен фестивал на средно Водно.