Работилница на тема „Детски парламент“

На 21 септември ООУ „Јоаким Крчовски” беше едно од 15-те основни училишта кои учествуваа на работилницата на тема  „Детски парламент“, во организација на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија.

На работилницата  учествуваа 5 ученика од 9 одделение кои го изучуваат предметот Граѓанско образование и истите беа во придружба на наставничката Георгина Димитровска.

Станува збор за прва сесија на „Детскиот парламент“ која се одржа во салата Борис Трајковски во Собранието на РМ, каде на учениците им се даде несекојдневна можност да влезат во „чевлите на пратениците”.

Вкупно учествуваа 89 учесници кои ја имаа можноста:

  • да го разгледаат Собранието преку организирана обиколка на најпрезентативните простории на самата зграда
  • да се запознаат со дел од пратениците на Република Македонија
  • да симулираат пратеници преку  „Игра на улоги” и да дебатираат на зададена тема изнесувајќи ги своите аргументи и да гласаат дали се за или против понуденото законско решение и
  • да ги искажат своите детски права преку пораки во форма на креативна мисла, цртеж или стих.

Парламентарниот институт на овој начин успеа да ја приближи работата на Собранието на РМ до младата популација и да допринесе за развој на нивната свеста за демократијата и човековите права.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст