Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, на покана на грдоначалникот на градот Бор, г. Александар Миликиќ, оствари посета и присуствуваше на свеченостите по повод одбележување на 3-ти Октомври, Ден на градот Бор.
На главната свеченост и Свечената академија, покрај делегацијата на општина Крива Паланка, присуствуваа преставници на локалните самоуправи од Борскиот и Зајачарскиот округ, потоа збратимени градови со градот Бор, претставници на свештенството, на војскта, претставници на министерствта на Р.Србија, како и бројни други гости.
Во рамките на оваа посета, градоначанициите на двете општини г.Мицевски и г.Миликиќ се договорија во најскоро време да ја отпочнат и постапката на збратимување, заради унапредување на веќе воспоставеното пријателство и развивање и продлабочување на можности за соработка во областа на културата, спортот, граѓанскиот сектор, младинскиот активизам и економијата, како и јакнењето и негувањето на блиските врски со големиот број на иселеници од кривопаланечкиот крај.
Градоначалникот Мицевски ја искористи оваа посета и упати покана до својот колега г. Миликиќ, за возвратна посета по повод претстојниот празник, 8-ми Октомври.