Викендов во Скопје се одржа 19-то Државно екипно првенство за младинци и младинки за сезоната 2010/2011. Иако во подмладен состав младинките од ППК Крива Паланка убедливо ги совладаа екипите на Градба промет-Кавадарци, Студент-Скопје и Струмица и така повторно се закитија со титулата Државни прваци во младинска конкуенција.
Во паузата на ова првенство беа прогласени и најдобрите екипи во сениорска конкуренција, женската екипа од Крива Паланка која се натпреваруваше во Првата лига беше трета додека машката екипа го зазеде првото место во Супер лигата што е и прва титула во машка конкуренција покрај двете во женска. Оваа сезона за машката екипа настапуваа Кристијан Станојковски, Роберт Стаменковски и Лучијано Уце додека пак боите на Крива Паланка во женска конкуренција ги бранеа Дијана Ристовска, Христина Христовска,Анета Станковска, Дамјана Цветковска и Ангела Стаменковска.
Им честитаме на овој голем успех и посакуваме наредната сезона уште поголеми резултати на државен и меѓународен план.