„Шопска софра 2018“ и ревија на народни носии „Пчиња-Краиште“

Во чест на Денот на oслободувањето на градот, 8 Октомври,  во Крива Паланка, во „Етно гостилница Воденица 3“ се одржаа две автентични  манифестаци на кои беа претставени традиционалната кујна, фолклор и колоритот на носиите од регионот: „Шопска софра“ и Дефиле-ревија на народни носии од прекуграничниот регион „Пчиња-Краиште“.

Настанот беше компилација од презентација и дегустација на традицонални специјалитети, солени и слатки, приготвени во кујните на домаќинките од македонските општини: Кратово, Пробиштип, Крива Паланка,  Ранковце, како и од  Трговиште и Босилеград.

Во оваа пригода се одржа и иселенична средба .

-Токму овој колорит и традиционална кујна, богатството со кое располага регионот е парчето мозаик кое и недостасува на Европската унија и се надевам во наредниот период ќе биде инкорпориран и ќе стане дел од тоа големо европско семејство. Посебна чест ми е што можам да ги поздравам и нашите иселеници, Националниот совет на иселеници Македонци со нивниот претседател, кои се тука со нас на овој голем ден, рече градоначалникот, Борјанчо Мицевски, посочувајќи дека чест е да се знае и види дека голем број Македонци се успешни и достојно ја претставуваат државата надвор од гарниците, како што е случајот со оние во Србија, но и насекаде низ Европа и светот.

Никола Шалваринов, директор на Агенцијата за иселеништво на РМ, рече дека му претставува сообено задоволство што како агенција го поддржале овој настан и воедно ги вклучиле иселениците кои потекнуваат од овој регион на ваква посебна пригода.

-Ние постоиме за иселениците од нашата држава, сите нивни потреби, ги охрабрувам, да ги достават до нас, а се што можеме ќе направиме за да помогнеме. Се надевам на уште поголема соработка со општината во иднина и да нарпавиме се повеќе и повеќе за нашите иселеници, рече Шалваринов.

Проектот „Регионален рурален развој“ е финансиран од страна на Европската унија, а е дел од активностите на постојаната работна група за регионален рурален развој SWG.

SWG e платформа на  министерството за земјоделство, целта е зачувување на традицијата и освен ова денес во Крива Паланка, сум им благодарен на сите локални самоуправи од општиниет од регионот, Предраг Марковиќ, од постојаната работна група за регионален рурален развој.

Присуствуваше и националниот координатор на македонско  национално малцинство во Република Србија, Борче Величковски, кој рече дека како роден Кривопаланчанец особено е горд што присуствува на ваков важен настан и се радува на идното збратимување на општините Крива Паланка и Панчево.

На дефилето со народни носии од сите општини од Североисточниот регион на Македонија и соседните општини од Србија и Бугарија, најубав пар беше одбран оној со традиционална носија од Трговиште, Република Србија.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст