Чистење на пропусти, регулациони корита и отворени канали

Општината Крива Паланка има ангажирано  пет невработени лица  за вршење на  јавни  работи на подрачјето на градот и општината. Во изминатиот месец под надзор на вработени од Одделението за инспекциски надзор овие лица отпочнаа со   акција за чистење на плочести и цевчести пропусти, отворени канали, канавки и уредени регулациони корита на десетина локации во градското подрачје и приградските населби.

Посебен приоритет се има дадено на  вадење на акумулираниот материјал  под  плочестите пропусти на магистралната улица  каде поминуваат поголемите долови како Куков дол, Трештен дол, Домачки дол. Паралелно извршено е и чистење на отворениот канал покрај магистралната улица пред зградите на улица Херој Карпош и на  отворениот канал од бензинската пумпа до влезот во населбата Бегови бавчи.

Спроведено е целосно чистење на уреденото регулационо корито на Белевски дол од брана до влив во Крива Река, како и исчистени се два цевчести пропусти под магистралната улица кај  сервисот на  Данче автолимар.

Во овие  активности извадени се над 50м3 на акумулиран земјен материјал. Еден дел од овој материјал  со помош на јавното комунално претпријатие е утоварен и транспортиран до соодветна локација,  а  останатиот дел исто така ќе  се отстрани во наредниот период.

Овие активности ќе продолжат и во наредните две недели се со цел да се обезбеди непречено функционирање на овој вид на објекти.

Големина на фонт
Контраст