Потпишана Декларација за пријателство помеѓу Грос-Цимерн и Крива Паланка

Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски заедно со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварија посета на општината Грос-Цимерн во Германија, на покана на градоначалникот Ахим Грим.

Во рамки на посетата беше потпишана Декларација за пријатлство помеѓу  Грос-Цимерн и Крива Паланка за продлабочување на соработката на културен, економски и социјален план.

На средбата присуствуваше и генералниот секретар на Христијанско-демократската унија, Манфред Пенц.

Големина на фонт
Контраст