Денес (17.10 2018 г.) во реновираните општински сали во Крива Паланка се оддржа завршна конференција и презентација на постигнатите резултати од релизација на проектот од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија (2014-2020). Проектот е со наслов ,,Промоција на туристички атракции во 3Д – ТАП3Д“ .
Реализацијата на проектот започна на 18.10.2016 год. а го имплементираат Обласната администрација од Ќустендил, како водечки партнер и Центарот за развој на Североисточен плански регион – Куманово .
Проектот има за цел подобрување на туристичките потенцијали на прекуграничниот регион, преку подобра заштита и оддржливо искористување на природното и културното наследство, со употреба на иновативни средства за туристичка промоција, аудиовизуелни производи и ИТ технологии.
Проектот опфаќа инвентаризација, каталогизација и промотивни 3D мапирани картографски видеа на интересните туристички објекти во регионот на прекугранична соработка. Резултатите и бенефитите од проектот се насочени кон населението на Североисточниот регион и Ќустендил, а со цел подобрување на можностите за соработка меѓу туристички чинители од регионот.
Во рамките на проектот се изврши и реконструкција на двете сали во општинската зграда на Крива Паланка и се набави соодветна опрема, со која што денес пред присутните се проектираа 3D промотивни видеа, наменети за промоција на туристичките атракции во секоја од општините од Североисточниот регион.
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски ги поздрави сите присутни и упати голема благодарност и задоволсво од неговово лично име и од името на граѓаните на општина Крива Паланка до учесниците од пограничниот регион за успешната реализиција и имплементација на овој проект, која претставува испишување на уште една успешна приказна во импленетација на програмите за прекуграничната соработка со Р.Бугарија.