Во деновите од викендот во НУ Центар за култура во Крива Паланка се оддржа третиот Меѓународен фестивал на староградски песни.
На фестивалот, покрај домаќините КУЗ „Распеани паланчани“ настапија пејачки друштва од Радовиш и Пехчево, Градскиот хор од Штип, како и пејачкото друштво Еделвај од Ќустендил, Р.Бугарија.
Во рамките на фестивалот, кривопаланечката публика имаше можност да ја проследи драмата „Оженил се Санде Калајџија“ во изведба на учениците СОУ Ѓорче Петров, а под ментроство на проф. Катерина Митовска Наковска.
Овој настан беше збогатен и со промоција на „Збирка на кривопаланечки староградски песни“ изработена од членовите на КУЗ Распени паланчани, како и новите костими за членовите на друштвото, кои се реализирани во рамки на проект кој е финасиски поддржан од буџетот на општина Крива Паланка.
Сите љубители на убавата староградска песна, имаа можност две вечери да уживаат и да да го почувствуваат духот на едно време на старата кривопаланечка чаршија исполнета со песна љубов, обичаи и време кога настанаа најубавите страоградки песни кои и денеска се негуваат и пеат.