Тековни градежни активности за подобрување на комуналната инфраструктура

Во изминатиот период во тек на месец септември и октомври Општина Крива Паланка работеше на разрешување на повеќе инфраструктурни проблеми кои ги засегаат граѓаните на општината, а кои ќе придонесат за подигање на квалитетот на урбаното живеење во  различни делови од градот и неговата околина. Изведени се следните градежни зафати:

-Расчистување и оспособување на делница од патот кон с. Градец, во приближна должина од околу шест километри како и расчистување и оспособување на делница од патот кон нас. Дивјанци, во приближна должина од околу два километри.

-Расчистување и оспособување на делница од патот кон с. Киселица, во приближна должина од околу шест километри.

-Асфалтирање на два краци  и паркинг на  улица „8-ми Октомври“.

-Расчистување и  повторна изградба на потпорен ѕид од габиони во месноста Дурачка Река.

-Тампонирање на делница од пат во нас. Маневци во должина од околу 150м.

-Изградба на пешачка патека „Висока зона лев брег“ со потпорни зидови и скали.

-Крпење на ударни дупки на улица „Лозановска“ .

-Изградба на неколку потпорни ѕидови во соработка со граѓаните и

-Започнати се работи на тековно одржување  и асфалтирање на дел од ул.Херој Карпош“ во месноста кај „Стара кожара“.

Со изведбата на сите горенаведени градежни активности, Општина Крива Паланка продолжува со остварување на превземените обврски за овозможување на подобар и поквалитетен урбан живот за сите нас.

Големина на фонт
Контраст