Пуштено во употреба основното училиште во с.Конопница

Во присуство на голем број гости меѓу кои директорот на Државниот просветен инспекторат, г.Џорџе Арсов, преставници на EGIS, како и жители на село Конопница, градоначалникот Арсенчо Алексовски свечено му ги  предаде клучевите од реконструираното основно училиште во село Конопница на директорот, г. Оливер Дејановски.

Училиштето е реконструирано во рамките на проектот „Реконструкција на основни училишта во Крива Паланка“ кој е аплициран во рамките на  програмата ИПА- 2007 Проект за развој на локална инфраструктура, за кој се одобрени средства во висина од 535.774 евра. Со проектот се опфатени санација на подови, плафони, кров, замена на столарија, електрична инсталација, молерофарбарски и фасадерски работи и изведба на влезен хол.

Со започнувањето на новата учебна година, учениците од село Конопница наставата ќе ја започнат во ново реконструирано училиште.

 

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст