Кошаркарски клуб „Крива Паланка“ во парнерство со ТАКТ, Здружение за поттикнување на меѓусебна доверба и соработка, а со поддршка на Германската меѓународна корпорација (ГИЗ), планирааат спроведувањње на проект за инклузија на млади лица од руралните средини преку спорт.
Проектот е регионален и опфаќа четири држави, Македонија, Албанија, Србија и Косово, со по една единствена општина која ќе ги претставува, а кај нас проектот ќе се спроведува во општина Крива Паланка.
-Изборот на Крива Паланка како општина дојде многу природно, по спроведени низа успешни активности, благодарение на суспешната соработа со кошаркарскиот клуб и локалните власти. Целта е да ги зголемиме и унапредием можностите на младите, шансите за вклученост на истите преку спортот како алатка, рече Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.
Станува збор за пилот проект на Германската меѓународна корпорација(ГИЗ) во рамките на програмата „Спорт за развој – социјално вклучување преку спорт во Балканскиот регион” спроведена во име на германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ), а активностите предвидуваат изработка на акциски план за подигнување на свеста, градење капацитети, обука на тренери во организациите, за социјална инклузија на младите од руралните средини.
По одржани работилници во Маврово, изготвена е драфт верзија на акциски план, кој ќе биде претставен на четиридневната работилница за обука која ќе се одржи од 5 до 8 ноември 2018 година во Драч, Албанија, од каде подоцна ќе се развие програма што ќе се спроведува во период од една година во партнер-земјите, рече Африм Илјази од ГИЗ, Македонија .
На средбата со претставниците од општинкската администрација, се говореше и за реалните потреби, состојби, бројки и ресурси кои во моментот се релевантни во општината, по однос на бројот на млади кои се таргет група, како и инфрстаруктура чија што обнова или изградба евентуално би се вметнала во проектните активности.
-Општината е отворена за соработка, ќе понуди и механизми и координативно-оперативно тело за имплементација на активнсотите, се во контекст на подобрување на состојбата со младите, нивно активно вклучување во спорт и проактивно дејствување во заедницата, посочи Мартин Николовски од локалната самоуправа на Крива Паланка.
Поради што поголем партиципативен процес, по изготвување на конечната драфт-верзија на проектот истиот ќе се презентира пред јавноста, пред младите и засегнатите чинители на јавни дебати и дискусии.
Регионалниот проект се планира во претстојнитe години да се прошири на териротијата на повеќе држави од Југоисточна Европа.