Општина Крива Паланка пример за добра практика во обезбедување на пристап до јавните информации за лицата со попреченост

Во текот на вчерашниот ден Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, во општина Штип организираше тркалезна маса на тема „Пристап до јавни информации за лицата со попреченост во општините во источниот регион на Р.Македонија“, на која присуствуваа и претставници од општина Крива Паланка.

На работтниот состанок, беа презентирани активностите на проектот на ЗГ Инклузива „Пристапни и достапни- јавни информации и услуги“ кој најпрво се имплементираше во општините од североисточниот регион, а главна цел на овој проект е зголемување на инклузивноста во ситемот на Р.Макединија и создавање на услови во локалните институции за отчетни, ефикасни и пристапни услуги за граѓаните со попреченост.

Како најдобри практики во имплементација на овој проект во општините од североисточниот регион беа изнесени искуствата на Крива Паланка и Куманово.

Општина Крива Паланка во насока на подобрување на пристапноста до информациите од јавен карактер  за лицата со попреченост воведе модул за веб пристапност на официјалната страна на општината www.krivapalanka.gov.mk

Модулот содржи алатки за промена на големината на фонтот, прилагодување на бојата на контрастот и на линковите во зависност од потребите на корисниците како и исклучување на анимациите кои кај одредени лица може да предизвикат фотоепилептични напади.  

Општина Крива Паланка ќе продолжи и понатаму во насока на исполнување на W3C стандардите за пристапност на веб страните, а со цел обезбедување задоволителен пристап за лицата со попреченост.

Проектот „Пристапни и достапни јавни информации и услуги“ е дел од грантовата шема во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, имплементиран од „Фондација Отворено општество – Македонија” (ФООМ) и „ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии”, а финансиски поддржан од Европската унија.

 

 

Големина на фонт
Контраст