Состанок на локален совет за превенција во Крива Паланка

На ден 08.11.2018 г.во општинската сала за состаноци во Крива Паланка се оддржа работен состанок на Локалниот совет за превенција.

Работниот состанок беше организиран со тема: Превенирање на малолетничкото престапништво со елементи на насилство, за подрачје на Општина Крива Паланка.

Градоначалнико Борјанчо Мицевски имаше свое воведно излагење пред присутните во кое истакна дека Општина Крива Паланка, како дел од надлежните институции кои ја третираат оваа проблематика, се вклучува во реализација на активности кои се во насока на превенција на малолетничко престапништво. Мицевски ја нагласи и потребата од зголемена меѓусебна/меѓуресорска соработка во насока на континуирано следење на новите трендови на младите и вложување на сопствени ресурси за изнаоѓање начини и реализирање  на конкретни активности за општествена оодговорност на младите, а со цел да влијаеме во превенирање на малолетничкиот криминалитет.

На состанокот свое обраќање имаше и командирот на ПС ОН Крива Паланка, Дејан Маринковски, која даде извештај за состојбата на подрачјето на општината, а во вркска со прекршоците, кривичните дела и други настани во кои се вклучени малолетници како сторители или како жртви.

Исто така свое обраќање на темата имаше и претставник на Отсекот за превенција при СВР Куманово.

 

 

Големина на фонт
Контраст