АРСЕНЧО АЛЕКСОВСКИ
Арсенчо Алексовски е роден на 12.01.1961 година во Неготино.
Оженет е со Лидија Алексовска и има три деца.
Професионална кариера
Дипломирал на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1986 година, по што ја започнува својата кариера како раководител на правната служба во Шумското стопанство „Осогово“ во Крива Паланка, каде што совесно и професионално ја вршел својата дејност се до 1991 година.
Од 1991 до 1993 работи како инспектор во МВР, по што се вработува во Траншпед комерц, како раководител на филијалата „Деве Баир“, на која позиција останува се до 2006 година. Потоа формира сопствена компанија – Траншпед Трејд ДООЕЛ – Скопје, која до ден денес успешно работи и функционира, а во неа има вработено околу 40 лица.
Политичка кариера
Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година и е прв претседател на општинскиот комитет во Крива Паланка. Во моментот е актуелен потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и повеќе пати бил делегат на конвенции и конгреси на партијата. За време на парламентарните избори 2006 година бил шеф на општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а на изборите 2008 година бил заменик шеф на изборниот штаб во Крива Паланка
Адреса: Градоначалник на Oпштина Крива Паланка
ул. Св.Јоаким Осоговски бр.175
Крива Паланка
Тел./факс: 031-375-035
е-маил: [email protected]