Општина Крива Паланка во текот на изминатата недела, постапувајки по барања на граѓани од неколку населби, преку ангажираните работници за јавни работи, започна активности за санација на калдрмата на одредени улици во неколку населби во градот.
Активностите се со цел да се санираат појавените ударни дупки и олесни движењето на граѓаните, како и да се спречи настанување на штета на возилата. Се санираше состојбата на калдрмата во Спротивска маала или т.н Трновска маала, а се започна со активности во населба Единство.
Истовремено од надлежните служби е направено согледување на состојбите на вакви улици и во другите населби чие санирање ќе се спроведе етапно во наредниот период.
Фото галерија