Вадо рју карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка во рамките на проектот „Тренирај карате-создавај здрави и успешни генерации“, кој финансиски е поддржан со средства од буџетот на општина Крива Паланка, во изминатиот период оддржа заеднички тренинг со Карте клубот „Шурикен“ од Ќустендил, Република Бугарија.
На заедничкиот тренинг учествуваа деца од клубовите од Крива Паланка и Ќустендил, и ова беше прилика во која младите каратисти ги разменуваа стекнатите напредни техники, вештини и искуства во карате спортот, кои ги стекнале вежбајќи во своите матични клубови. Исто така и меѓу тренерите од двете општини, беа разменети искуства и беа договорени нови активности, кои ќе бидат реализирани во наредниот период.
Вадо рју карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка, со 16 натпреварувачи, заедно со пријателите од Бугарија настапија на силниот меѓународен карате турнир во Лесковац, Република Србија. Карате клубот Шампион освои десет медали во кати и спортска борба-кумите, а натпреварувачот Вукашин Јованивиќ беше прогласен за најдобар натпреварувач на турнирот. На натпреварот земаа учество 637 натпреварувачи од четири земји.
Во проектот е предвидено и изработка на видео презентација и промотивни брошури за популаризација за карате спортот во општината.
Целта на проектот е создавање на здрава и силна генерација на деца со правилен физички развој преку практикување на разни вежби во тренажниот процес, адаптирање во социјална средина преку дружење, самоконтрола и дисциплина како и создавање на натпреварувачки спортски дух и поттикнување на желба за натпревар и победа.
Карате клубот ,,Шампион’’ претставува вистински расадник на млади и талентирани каратисти, кои тренирајќи напорно и посветено донесоа многу медаљи од државни и меѓународни натрпревари. Во клубот имаат тренирано над 700 каратисти од Крива Паланка, од кои над 180 се регистрирани натпреварувачи во сите категории од пионери до сениори.
Тренинзите се оддржуваат во салата ,,Партизан’’ под менторство на двајцата лиценцирани тренери од карате федерацијата на Македонија, Стевче Христовски и дипл.проф. по физичка култура-Жарко Ангеловски.