Во Крива Паланка се одржа настан „Идеи, визии, скици и планови за јавни простори во градот”

Во текот на вчерашниот ден, во просториите на локалната установа Градски музеј, Крива Паланка, Центарот за современи уметности  и здужението – Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од  Крива Паланка  реализираа изложба на скици од локалните млади автори, настан насловен како „Идеи,визии, скици и планови за јавни простори во градот”.

Овоја настан е активност од мастер проектот „Креативни заедници” на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, а подджан преку Проектот на УСАИД за граѓанско учество и се имплемнтира во соработка со Центарот за современи уметности и здружението ЦИК-ЦАК од Крива Паланка.

Димитар Петровски  како представник од здружението ЦИК-ЦАК, пред прусутните изјави дека идејата на овој проект е разубавување на пејсажниот амбиент во Крива Паланка, бидејќи Општината изобилува со јавни простори, јавни површини и изложени ѕидови за графити и мурали  и слични места, кои се на удар на погледите на минувачите, кои за жал се неуредени, запуштени, а некогаш и полни со навредливи пораки и графити.

-Ова е прва фаза од активностите од пректот, каде преку изложбата на скиците на младите автори, кривопланчани можеа да ги погледнат идејните решенија за изработка на графити, по што следи евалуација на иситите и избор на неколку од нив за реализација. Еден таков графит веќе е направен во дворот на музејот, а е дело на сестрите Натали и Сара Велески, додаде Петровски.

Како наредна фаза од активностите за реализација на проектот е  детектирање на соодветните јавни простори  и површини  во градот, кои се подобни за ваква активност. Потоа следува разработка на конкретни идеи за освежување и рехабилитација на одредените површини, преку уметнички интервенции од типот на мали уметнички акции за уредување, бришење на навредливите графити и нивна замена со нови колоритни мурали и  слични креаивни интервенции од страна на локалните уметници.

Целата на проектот е да се анимираат млади и талентирани локални уметници, наивци, аматери и професионалци, кои преку изразувањето на сопствениот креативен потенцијал во уметничкиот израз, би дале свој мал допринос во разубавувањето на јавните простори во средината во која живеат.

Изложбата на скици од локалните млади автори беше збогатен и со мини концерт на акустична гитара на млади музички таленти  од Крива Паланка.

 

 

Големина на фонт
Контраст