Денес, 29.11.2018 г. во Општина Крива Паланка се одржа работилница за финансиската поддршка што ја овозможува ЕУ, под наслов „ЕУ за ТЕБЕ’’ .
Во првиот дел од работилницата г. Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на делегацијата на Европската Унија, пред присутните ги претстави можностите за финансирање што ги нуди ЕУ, како и начините за нивно користење. Господинот Бертолини ги представи Програмите на ЕУ за поддршка на локалните власти, граѓанското општество, бизнисите, асоцијациите на фармери и за локалните засегнати страни, со акцент на регионалното и локалното портфолио на проекти од ИПА1 и ИПА2. Тој ја презентираше и каратата за визуализација на ИПА Програмата, како и поважните информации за секоја општина и регион и можностите за финасирање во следните три години.
Во вториот дел од работилницата со почеток од 18.30 часот предвидена е средба и дружење на амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, со граѓаните на Крива Паланка. На оваа средба граѓаните ќе имаат можност за разговор со амбасадорот Жбогар во однос на поддршката и фондовите кои ЕУ ги овозможува.
Целата на работилницата е локалните власти, граѓанските организации, земјоделци и бизнисмени подобро и директно да се запознаат со актуелните можности за финасирање што ги нуди Унијата. Делегацијата на ЕУ исто така ќе добие повеќе информации за предизвиците и за ограничувањата со кои се соочуваат засегнатите страни на локално ниво.