Професори од „Југозападниот универзитет за економија и туризам“ од Варна Р.Бугарија, како и претставници на Бугарскиот Национален Комитет ИКОМОС и гости од Швајцарија, денес го посетија манастирот ,,Св Јоаким Осоговски“ во рамките на Меѓународната научна конференција „Културен коридор Софија-Охрид-културен туризам без граници“.
Конференцијата се одржува во Охрид со претставници од универзитети и факултети од Р.Македонија, Р.Бугарија, Швајцарија и Руската Федерација.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски им посака срдечно добредојде во нашиот манастир и општината и ги покани на повторна средба и соработка на полето на развојот на културниот и верскиот туризам.
Професорите изразија голема благодарност до градоначалникот за укажаното внимание и најавија скорешна посета на Општина Крива Паланка.