Од денеска во галерискиот простор на НУ Центар за култура од Крива Паланка, поставена е изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2018“ што по 27-ми пат годинава ја организира Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип .
Изложбата е дел од годишната програма на НУ Центар за култура од Крива Паланка поддржана од Министерството за култура, а е резултат на успешната соработка со Дом на културата „Злетовски рудар” од Пробиштип.
„Лесново“ е меѓународна ликовна колонија, на која низ годините учествувале бројни уметници од земјата, како и од Русија, Бугарија, Англија и Србија, а на наше големо задоволство и нашата кривопаланчанка Христина Стојчевска, која редовно ја збогатува збирката на колонијата.
На изложбата прикажани се 25 дела од вкупно создадени триесетина годинава, по слободна тема, со мотиви од убавината на Лесновскиот манастир, од архитектурата на Лесновскиот крај, на Лесновскиот кратер, старата традиционална архитектура на лесновската куќа, и карпестото опкружување.