Општина Крива Паланка во рамки на своите активности за изградба и одржување на комуналната инфраструктура изврши асфалтирање на пристапната улица кон спортскиот центар. Асфалтиран е пристапот од спортската сала „Бранители 2001“ до спој со улицата Свети Јоаким Осоговски, со должина од 300 метри и ширина 3,5 – 4,5 метри.
Истовремено е асфалтирана и површина наменета за паркирање покрај повеќенаменското игралиште со површина од 120 м2.
Изведувач на градежните работи е фирмата „КООП Инжинеринг“ од Куманово.
Фото галерија