Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес беше во обиколка на градежните активности за доизградба на регулацијата на Скрљавски Дол, а се со цел навремено и квалитетно реализирање на планираната динамика за реализација на проектот.
Должината на опфатот е 264 метри, со што ќе се заокружи започнатата градба и ќе се овозможи ефикасно функционирање на каналот. Со завршување на изградбата на регулацијата на Сркрљавски Дол, во иднина ќе се овозможи и изградба на дел од улицата „Климент Охридски“, која се протега паралелно со самата регулација, а која веќе е предвидена со Деталниот урбанистички план.
Со изградбата на овој опфат треба да се регулира поројот, а воедно треба да се реши и проблемот со квалитетен колски пристап за локалното население. Проектот е задничка инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Крива Паланка.