Денес во НУ Центар за култура од Крива Паланка беше отворена изложба на слики од ликовната колонија „Ѓуриште“. Изложени се вкупно 28 уметнички дела од 16 ликовни уметници, а кривопланчани – љубителите на ликовната уметност, се првите кои ја имаат можноста да се запознаат со творештвото на ликовната колонија.
Почетокот на колонијата датира од пред 18 години и годинава имаше учество од најголем број уметници како од државата така и од соседните земји.
– Уметниците имаа можност да творат во прекрасна атмосфера која ја пружа светиниколската околија. Креативноста на уметниците беше инспирирана од поднебјето во кое уметниците твореа, а темата за работа беше слободна по избор и водена од нивниот внатрешен порив, изјави еден од основачите на колонијата, г-дин Димитар Лазов.