Во текот на вчерашниот ден во просториите на ЛУ Градски музеј од Крива Паланка, се оддржа настан, насловен како „Млади Европејци-Европа на Балканот”.
Овој настан е дел од тригодишниот проект на студентите од приватниот Универзитет за аудиовизуелни уметности – Европска филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк од Скопје.
На овој настан беа предвидени неколку културни содржини и тоа: Изложба на фотографии „Европа овде-Европа таму”, презентацијата на краткиот филм „Мојот Европски идентитет”, како и промоција на книга со мисли и цитати од „таткото” на Европа, Жан Моне со наслов – „Европа-нашиот заеднички дом”.
На манифестацијата настапи и градскиот оркестар „Алегро” под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски.
Со вечерашниот настан во Крива Паланка започна декемвриската сесија на проектот, а веќе од наредните денови ќе се реализираат вакви настани во Дом на млади во Штип и Центар за култура „Бели мугри” во Кочани, а завршната манифестација ќе се одржи во Скопје.