Општина Крива Паланка заврши со поставувањето на завршен слој асфалт на улицата „Св.Јоаким Осоговски“ т.н „нов крак“, каде се вградени преку 190 тони асфалт. Со поставување на завршниот слој, чие финансирање е од сопствени средства, Крива Паланка доби модерна улица во центарот на градот на задоволство на сите граѓани.
Во наредниот период во план е уредување на тротоарите со што ќе се завршат градежните работи на тој дел од улицата.