Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 16 јули 2011 година објави Јавен повик бр. 02/2011 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 година.
Предвидениот индикативен буџет за овој Јавен повик изнесува вкупно 18.565.000,00 евра, (1.143.720.959,50 денари во денарска противвредност), од кои 75% средства се обезбедени од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) и 25% средства се од Буџетот на Република Македонија.
Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се превземат на следната веб-адреса: www.ipardpa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 30.08.2011 година.
Контакт за подетални информации:
тел: 02 3097-460
факс: 02 3097-454
e-mail: [email protected]