Во холот на основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка се одржа аукција на новогодишни честитики на која присуствуваше и градоначалникот Мицевски. На аукцијата беа изложени над двесте оригинални изработки, и тоа џиновски новогодишни честитки, елки, украси и декорации, изработени од рециклиран материјал.
Сите декорации и честитки кои беа изложени, заеднички се изработени од учениците и вработените и во соработка со родителите. Изработките се од рециклирачки материјали, кои се обезбедени од локални општествено одговорни компании што ја поддржале оваа активност и за целиот процес соработувале со тимот што ги водел активностите во училиштето.
На овој настан, покрај претставниците од локалната самоуправа, присуствуваа и претставници од јавни институции и компании и учествуваајќи на аукцијата купија џиновски честитки што ќе ги красат нивните деловни простории.