Оддржана презентација на резултатите од проектот-Транспарентни, отчетни општини со интегритет, основа за оддржлив развој

Во општина Крива Паланка, денес се оддржа презентација на првичните резултатите од проектот „Транспарентни, отчетни општини со интегритет, основа за оддржлив развој’’, чии активности поконкретно се однесуваат на  резултети од анализата за транспарентност на јавните набавки на општините од СИПР.

Проектот се имплементира од  Граѓански центар за оддржлив развој -ЕГРИ од Крива Паланка,   Цетнарот  за граѓански комуникации и фондацијата  Фокус од Скопје, со финансиска поддршка од Европската унија.

Целата на овој проект е  утврдување на состојбата со транспатентноста на јавните набавки на општините од Североисточниот регион за 2017 година, како и доближување на резултатите за транспарентноста на јавните набавки до граѓаните.

Главните активности при реализација на проектот воглавно се однесуваат на реализација на истражувања и анализи на институциите во однос на транспатентноста, отчетноста и одговорноста во трошењето на јавните пари, а за потребите на  истражувањата,  изготвена е и методологија за рангирање и параметри за оценување на институциите.

Презентери  на резултатите од проектот „Транспарентни, отчетни општини со интегритет, основа за оддржлив развој“  беа Герман Филков од Цетнарот  за граѓански комуникации и Јоранчо Миневски од Граѓанскиот центар за оддржлив развој –ЕГРИ.

Големина на фонт
Контраст