Промотивна прес конференција на фестивалот на детска песна РАСПЕАНО СИМИТЧЕ

Вчера во општина Крива Паланка се оддржа промотивна прес конференција за најава на престојниот фестивал на детска песна ,,Распеано симитче’’, кој е во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, а во соработка и со поддршка на Општина Крива Паланка.

Ова е четврто издание на фестивалот во кој се создадени 15 нови песни, кој ќе ги изведуваат 16 солисти,  во придружба на детскиот хор ,,Симитчиња’’. Фестивалските настапи ќе бидат на 27 и 28 декември со почеток од 12.00 и од 18.00 часот во просториите на НУ Центар за култура- Крива Паланка. Картите се веќе во продажба и можат да се набават во билетарницата на Центарот за култура, изјави директорот на фестивалот, Методи Цветковски.

Директорот на фестивалот, Методи Цветковски заблагодарувајќи се на поддршката од страна на Општината, изјави дека овој фестивал е продукт на повеќе месечна креативна работа со педесетина ангажирани млади деца од Крива Паланка. Во оваа прилика тој упати покана до  сите заинтересирани, да дојдат на фестивалот и да видат и слушнат што се успеале заеднички  да подготват за овогодинешното издание на фестивалот „Распеано симитче“.

Општина Крива Паланка е покровител на оваа манифестација и сметам дека нема поубаво нешто од детската песна и насмевка, преку кои најискрено се пренесуваат убавите чувства, а кои треба да не следат во овие предновогодишни и празнични денови и затоа ја користам оваа прилика да ги поканам кривопланчани масовно да го проследат овој несекојдневен радосен настан и да ги пренесат убавите впечатоци и чувства во своето најблиско опкружување, изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски.

 

Големина на фонт
Контраст