Вчера, во Кабинетот на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски беше организирана предновогодишна средба за локалните стопанственици, бизнисмени, претставници од јавниот живот, културни работници, претставници на образовните институции и установи, судството, претставниците од НВО секторот, пензионерите, граѓани и голем број други соработници.
Во оваа пригода, градоначалникот Мицевски им заблагодари на сите присутни за нивното досегашно залагање и нивниот придонес во унапредувањето и развојот на општина Крива Паланка.
-Во Новата 2019 година, заеднички да продолжиме да работиме за поубава и просперитетна Крива Паланка. Ви посакувам многу успеси на личен и професионален план, со желба, заеднички да ги негуваме традиционалните вредности, љубовта, разбирањето и почитувањето, изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски во својата Новогодишна честитка до присутните.