Крива Паланка ќе добие инфо-портали

Електронски информативни портали за туристичките локалитети и знаменитости ќе бидат поставени во Крива Паланка. Тие ќе служат за ориентирање, мапирање, информирање и лесно пронаоѓање на туристичките места за кои се заинтересирани посетителите. Ќе бидат поставени два портала, од кои едниот пред општинската зграда, а другиот кај манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“.

Информативните електронски табли ќе бидат инсталирани во рамките на пограничниот проект „Туризам без граници“, финансиран од ИПА-програмата за прекугранична соработка.


Проектот е вреден 277.000 евра, а се реализира во партнерство со Штип и со бугарската општина Ќустендил.


На Бугарите, како носител на проектот, им припаѓаат 153.800 евра, а на Крива Паланка и Штип по 61.900 евра.


Целта на електронските портали не е само насока кон познатите туристички локалитети, туку и информирање за помалку афирмираните и с` уште непознати туристички потенцијали, кои имаат капацитет да привлечат голем број посетители.
 
Извор: Дневник

Големина на фонт
Контраст