Денес градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски организираше предновогодишен прием за децата на бранителите и нивните семејства.
Во оваа пригода градоначалникот Мицевски им посака многу здравје, љубов и среќа со желби за поубави и попријатни мигови во Новата 2019 година. Воедно им порача дека тој како градоначалник заедно со општинската администрација, секогаш се тука да им ја дадат неопходната помош и поддршка во нивните активности и иницијативи.