Почитувани сограѓани,
Ми претставува голема чест и задоволство да Ви го честитам големиот христијански празник ,,Свети Илија“, а воедно и нашиот најголем и најсветол национален празник ,,Илинден“.
Годинава се навршуваат 108 години од Илинденското востание и 67 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, двата најсветли дена од македонската историја за македонскиот народ.
Овие два светли датуми не обврзуваат сите да ја чуваме слободата и независноста на државата, како што за неа се бореле со векови многу македонски херои.
Нека ни е честит празникот, воедно среќна слава и именден на тие што слават, да сме живи и здрави!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски