Со средства обезбедени преку Министерството за финансии, како грант од Европска Унија за подобрување на рурална инфраструктура, Општина Крива Паланка ќе постави фотоволтаични инсталации на три кровни конструкции и тоа: ООУ Јоаким Крчовски, ООУ Илинден и СОУ Ѓорче Петров со вкупна моќност од околу 70KW.
Вкупниот грант на национално ниво за 36 општини е 15, 5 милиони евра и дополнителни 5 милиони евра како кофинасирање од страна на Владата на Р.Македонија.
Со ова значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и финасиските средства за оваа намена. Истовремено со овој проект ќе се зголеми искористеноста на енергија од алтернативни извори согласно стратешките определби на владата за зголемување на искористеност на енергија од други извори и заштита на животната средина.