Во почетокот на месец септември 2011 ќе започне градбата на локалниот пат Крива Паланка – с.Станци. За таа цел, во тек на месец август, извршен е увид на трасата од страна на претставник од Општина Крива Паланка, изведувачот на градбата, АД Гранит и надзорниот орган кој ќе врши надзор при реализација на проектот.
Должината на трасата е 4.523,16 м. Средствата за проектот се обезбедени од Владата на Р.Македонија преку Државната агенција за патишта. Динамиката на извршување на градежните работи е околу 10 месеци.
Со реализација на проектот ќе се надмине сегашната катастрофална состојба на овој патен правец со што ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот во тој дел од општината.