Oд 10 до 20 aвгуст 2011 година Македонскиот извиднички контигент учествуваше на 8-та Смотра на извидници на Србија и сто години извидништво во Србија која се одржа во Шабац. На смотрата земаа учество околу 4000 извидници од 13 европски земји. Од Република Македонија учество зедоа 21 извидник од 5 Извиднички одреди меѓу кои и од Извидничкиот одред Наум Наумовски–Борче од Крива Паланка.
На смотрата, која беше од европски карактер, покрај стандарните извиднички активности се одржаа и многубројни разговори и средби со странски преставници на извиднички одреди, а од стратешко значање за развојот на извидништвото во Македонија.
Нашиот преставник од Извидничкиот одред Наум Наумовски–Борче од Крива Паланка и воедно старешина на одредот за време на смората имаше работен состанок со преставници од Извидничките одреди од градовите Бела Паланка, Смедеревска Паланка и Бачка Паланка со цел основање на Паланечки извиднички регион и збратимување помеѓу одредите.