Во организација на Центарот за развој на североисточниот плански регион, на 1 март во Куманово, се одржа втората форумска сесија, во рамки на програмата „Регионални форуми во заедницата“ .
Североисточниот плански регион, во соработка – партнерство со Швајцарската агененција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа реализира „РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ како дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”.
Целта на регионалниот форум е партиципативно вклучување на граѓаните од регионот во процесите на креирање на политиките и одлуките на регионално ниво.
Учесници се граѓаните, граѓански организации, претсатвници од бизнис заедницата од установи и институции од шесте општини од регионот.
На втората форумска сесија од страна на работните групи граѓаните се запознаа поопширно и детално со седумте предлог концепти на решенијата утврдени на првата форумска сесија. Граѓаните/форумот дискутираше и го даде своето мислење за секој еден од нив, посебно дискутантите се осврнаа на критериумите за избор на проекти, регионалната димензија и одржливоста на предлогот. Граѓаните на форумот даваа свој придонес, предлози и мислења како да се доразвијат концептите согласно критериумите.
Од презентираните седум предлог концепти на решенија форумот прифати/утврди шест кои според форумот ги исполнуваат условите да бидат предмет на приоретизација на третата форумска сесија согласно критериумите на грантовата шема дефинирани со проектот „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“ и тоа:
Концепт 1: Уредување на Бислимска клисура во општина Куманово (изградба на енергетски ефиксен објект за развој на рурален туризам во Бислим);
Концепт 2: Инфраструктурно уредување за одржување на регионална туристичка манифестација НЕВЕСТИНСКО ПОКЛОНЕНИЕ во с.Конопница;
Концепт 3: Поставување на урбана опрема на туристички локалитет Спомен костурница во општина Куманово;
Концепт 4: Изградба на пристапна инфраструктура -пешачки патеки и рехабилитација на постојни до природни реткости – атрактивни туристички локалитети, уредување со урбана опрема и патокази и инфо табли во СИПР (Станечки водопади, локалитет Куклица и др.);
Концепт 5: Инклузивен стадион во СИПР (Реновирање на спортски објект за здравствено спортски активности и социјална инклузија на лица со посебни потреби во СИПР);
Концепт 6: Изградба на пристапни патеки и рампи за лица со посебни потреби до три туристички локалитети – објекти во регионот согласно стратегијата на СИПР;
Третата форумска сесија ќе се одржи на 13 март 2019 година, со почеток во 12 часот во ресторан Грација во Куманово.