Во основните училишта Илинден и Јоаким Крчовски 200 првачиња ја започнаа учебната 2011/2012 година во реконструирани училишни згради во рамките на проектот “Реконструкција на основни училишта во Крива Паланка” од програмата ИПА-2007 Проект за развој на локална инфраструктура.
Првачињата беа пречекани од страна на вработените во училиштата, поздравени од директорите на училиштата, а големо Среќно добредојде им посака градоначалникот на Општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски кој за новиот почеток им подари скромни подароци.
Првачињата беа развеселени и со свечена програма приредена од повозрасните ученици.