По повод претстојниот празник 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски ги посети пензионерките, и им го честиташе претстојниот празник со желби за добро здравје, среќа и долг живот.
Градоначалникот Мицевски, заблагодарувајќи се на Здружението на пензионери за поканата да биде дел од свечениот настан, се обрати пред жените пензионерки од Крива Паланка, од Ранковце како и од Ќустендил-Р.Бугарија и рече:
– Драги дами, бидете горди жени, затоа што во Вас е втакена мудроста, достоинството, издржливоста, упорноста, силата, а во исто време и нежноста, љубовта и внимателноста. Бидете такви уште долги години и исполнете ги годините со живот, а не животот со години.
Имајте пријатни моменти не само денес кога го прославувате вашиот празник, туку секој ден во животот и нека среќата биде ваша секојдневна реалност, здравјето трајност, љубовта и вниманието постојано да ги исполнува вашите срца и души.
Нека ви е среќен 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, од мое лично име и од име на општинската администрација и Советот на Општина Крива Паланка, рече градоначалникот Мицевски во своето обраќање пред пензионерките.