Во Крива Паланка настан „Повлечи потег-почитувај ја жената во сообраќајот”

Со цвеќе и честитки со пораки за безбедно возење и учество во сообраќајот, сообраќајната полиција во соработка со општинскиот Црвен крст од Крива Паланка симболично им го честиташе празникот на сите жени, Осми март.

Кампањата е дел од редовните активности за промоција на безбедност во сообраќајот, а се реализираше во центарот на градот, околу пладне, во најфреквентниот период од денот.
– Дечињата од основното училиште „Јоаким Крчовски”  и „Илинден“ подготовија пораки за сите дами и мајки учесници во сообраќајот, возачи или сопатнички. Сообраќајците ги запираа возачите, жени, а дечињата заедно со волонтери од општинската организација на Црвен крст им поделија честитки со пораки, додека од нашата институција им доделивме цвеќа. Со ова им посветивме внимание на дамите, но им посочивме дека безбедноста во сообраќајот зависи од секој учесник, а таа е на прво место, изјави Стојмир Стефановски, заменик- командир во Отсек за превенција при Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка.
Истовремено, покрај главната улица во градскиот парк членови на тимот за прва помош од Црвен крст со показна вежба на возачите им демонстрираа укажување прва помош во случај на незгода.
На шаховски табли поставени во паркот шахисти, мажи и жени играа шах, во знак на кампањата насловена „Повлечи потег – почитувај ги жените во сообраќајот”.
 
 
 
 
Големина на фонт
Контраст