Општина Крива Паланка започна со чистење на одводните канали

Општината Крива Паланка во текот на изминатите две недели спроведе низа на активности во делот на ставање во функција на објектите за одведување на атмосферски води пред претстонјите пролетни дождови. Овие активности се втора фаза  од широката  акција   на  превентивни мерки за заштита од поплави која започна  да се реализира кон крајот на минатата година. Покрај  чистењето на отворените канали, канавки и регулации на долови се спроведува и  чистење на сливниците и  таложниците на улиците, кои се исполнети со абразивен материјал  од зимското одржување на улиците.

Во оваa насока во соработка со ЈП Комуналец се спроведе чистење на регулацијата на долот во населба Единство, а се започна и со чистење на долот во населба Скрљава кое ќе продолжи во текот на оваа и наредната недела во зависност од временските услови. Со ангажирани работници за јавни работи се спроведе чистење на поголем дел од каналите во населба Грамаѓе и  Стара чаршија, а  се спроведува чистење на сливници, таложници и пропусти на сите улици во градското подрачје. Исто така со нивно ангажирање се чистат и одредени неуредени површини во урбаните и руралните населби.

Големина на фонт
Контраст