ЈП Комуналец изврши набавка на дваесет нови контејнери

На денешниот прес,  по повод спроведувањето на големата еколошка акција во општина Крива Паланка, градоначалникот Борјанчо Мицевски информираше за набавката на дваесет нови контејнери за потребите на ЈП Комуналец.

-Покрај извршената набавка на двете современи возила за собирање на смет, ЈП Комуналец  во соработка со Општината, продолжува да работи во делот на снабденост со контејнери и специјални садови-корпи за собирање на смет.

Имено, денес пристигнаа уште дваесет нови метални контејнери со зафатнина од 1.1 кубен метар, кои што ќе бидат надополнување на веќе набавените конејнери од претходната година. Заедно со набавката на возилата за смет, добивме и пет специјализирани садови за селективен отпад стакло и пластика, т.н „зелени стаклени ѕвона“, кои се набавени во соработка со компанијата ,,Пакомак“ и продолжуваме заеднички да работиме со ЈП Комуналец, со цел да се подобри хигиената во градот,  да се олесни процесот на подигање на отпадот и да се унапреди услугата  кон граѓаните што ЈП Комуналец ја испорачува, изјави Мицевски.

Новите садови се поставуваат на места предвидени согласно оперативните планови на ЈП Комуналец и во координација и соработка со стручните служби од Општина Крива Паланка. Граѓаните треба правилно да ги користат и да ги чуваат новите садови за отпад, да не ги палат и да не фрлаат несоодветен отпад (шут или кабаст отпад) во нив, а на тој начин ќе имаме почист, уреден и убав град.

 

 

Големина на фонт
Контраст