Во текот на вчерашниот ден во просториите на манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка, се одржа 9-тиот состанокот на заинтересирани страни-претставници од локалните самоуправи во регионот, претставници од бизнис секторот, од невладиниот сектор, претставници на здруженија на земјоделци, индивидуални земјоделци и други чинители од пограничниот регион „Пчиња – Краиште“.
Тема на состанокот беше можноста за поддршка за економска диверзификација во руралните подрачја во Југоисточна Европа.
Состанокот на заинтересирани страни од пограничниот регион „Пчиња – Краиште“ е редовен состанок во организација на Постојана работна група (SWG) во Југоисточна Европа, на кој се разговараше за соработката меѓу заинтересираните страни во пограничниот регион.
Во продолжение на редовниот состанок, беше организира и прв состанок на операторите во вредносниот синџир на пчеларство, кој во рамките на претходниот редовен состанок беше избран како вредносен синџир со голем потенцијал за развој .
Општина Крива Паланка во изминатиот период имаше плодна соработка со Постојана работна група (SWG) во Југоисточна Европа, кои што финансиски го поддржаа одржувањето на манифестацијата „Ревија на народни носии од прекуграничниот регион Пчиња-Краиште“ која заедно со манифестацијата „Шопска софра“ се одржа на 08-ми Октомври минатата година.
Исто така Општина Крива Паланка е силен поддржувач на активностите на SWG, кои што се од заеднички интерес и имаат за цел да го поттикнат социо-економскиот развој на регионот и да го олеснат процесот на интеграција во Европската Унија.