Отворена ликовната колонија „Св.Јоаким Осоговски“

Во Манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка започна 25-то јубилејно издание на Меѓународната ликовна колонија, која го носи името на Осоговскиот пустиножител.

На јубилејната работилница ќе учествуваат 16 уметници од Полска, Турција, Србија, од Бугарија, како и Глигор Чемерски, Димитар Стојчевски, Мирослав Масин, Никола Иванов-Балтон, Гоце Божурски, Роберт Цветрковски, Решат Амети, Милена Хрисотва и Лазо Крстевски од Македонија.

– Предизвик за секој уметник, кој учествува на оваа репрезентативна ликовна работилница е неповторливиот амбиент на древното осоговското светилиште и културното наследство, кои низ креативната конфронтација на различните култури резултираат со создавање на неповторливи дела со висока естетска вредност -истакнува координаторот на колонијата Јордан Михајловски.

Како една од најафирмираните и најквалитетни ликовни манифестации во регионот, Ликовната колонија може да се пофали со над 700 ликовни дела, создадени од над 400 ликовни творци од сите контитенти, кои учествувале на изминатите 24 ликовни сесии.

Ликовната колонија, која ќе трае до 15 септември, се одржува под покровителство на МПЦ и Владиката Кирил, а годинава финансиски е подржана од Министерството за култура со 130 000 денари. Новосоздадените дела од 25-то јубилејно издание ќе бидат изложени на 15 септември во манастирскиот комплекс, а потоа и низ целата држава.

Извор: Дневник

 

Големина на фонт
Контраст